Големо невреме вечерва во тетовско, по силниот дожд поплавени улици

0
51

Грмотевици, град, силен дожд и ветер ги зафати неколку села во општина Теарце во Тетовско попладнево околу 18 часот. Во Лешок, Слатино и Теарце жителите сведочат за интензивно невреме во траење од повеќе од половина час.

-Почна со дожд и ветер, што се засилија, па започна град да паѓа. Поради многу дожд водата се насобра на улиците, некаде со кал, а некаде поројно се движеше  по улиците, информираат жителите на Слатино.

Во тетовската полиција засега нема пријавено повредени лица, поголеми проблеми или оштетување на имоти.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=508796426361949&id=2129747660618346