Сакате своето тело да го наградите со енергетска бомба, која го поправа расположението и ги брка сите болести? Ви го носиме рецептот за смуди кој е одличен.
Потребни состојки:
1 зелено јаболко
1 шака спанаќ
1 круша
1 лимон
1 стебло целер
¼ краставица
малку вода
Измешајте ги сите состојки во блендер. Кога пијалокот е готов, најдобро е да го конзумирате 30 минути пред вежбањето, или пак веднаш по будењето.
Сите состојки се одлични и ќе ви дадат одлична енергија за целиот ден.