ИГОР ЈАНУШЕВ: ЗОРАН ЗАЕВ БЕГА ОД ИЗБОРИ

„Зоран Заев бега од избори. Бега од соочување со граѓаните, затоа што е свесен дека власта е заглавена во криминал, корупција и мега скандалот Рекет. Тоа што избегнува отчет пред народот не е ново, го видовме и во 2016 кога на два пати одложуваше избори. Но, сега Заев се крие од своите сограѓани затоа што знае дека поразот ќе биде катастрофален. Политиките во здравството, образованието, културата доживуваат крах. Економијата е во агонија и каскаме не само во споредба со Европа, туку и во споредба со земјите од регионот“ рече Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ.

Јанушев смета дека „Животот кој го ветуваше се претвори во безперспективност и затоа забрзано Македонија се празни. В

„Го погазија достоинството и на граѓанинот и на државата, и дрско продолжуваат да му ја потценуваат интелегенцијата на чесниот народ. Капак на сето ова е криминалот во кој се фатени 100:0. На дело видовме дека власта на СДСМ креирала рекетарско-обвинителско-политички октопод кој тргува со правдата, креира и монтира обвинителски акти, за потоа да уценува, изнудува и игра мајтап со правната држава. Нема правда, нема мир беше мотото многу брзо го заборавија и наместо тоа инсталираа Луј Витон правосудство кое има за цел да го штити криминалот на власта, а истовремено да ги гони политичките неистомисленици на Заев. Правдата ја претворија во политичка маша во рацете на Заев која згора на се уште ја користат за земање на милионски суми рекет“ – истакна Јанушев на пресс конференција