Рекордно висок број на стогодишници

0
224
Јапонскиот „Клуб на стогодишници“ слави рекорд. Во земјата првпат има повеќе од 70.000 луѓе на возраст од сто и повеќе години

Според наводи на владата, во Јапонија има 71.238 стогодишници, од кои 88,1% се жени. Ширум светот, според податоци на ОН, живеат околу 533.000 стогодишници, а во Германија ги има околу 18.000. На #ФотографијаНаДенот e жената која важи за најстара на светот во моментов, Јапонката Кане Танака, која има 116 години. Овде е на прославата на влегувањето во Гинисовата книга на рекорди во март годинава.