Уништени бавчи и овоштарници во шарпланинските села

Град со големина на орев кој синоќа паѓаше околу половина час во неколку Шарпланински села целосно го уништи бавчите и овоштарниците, објави Телма

Мештаните од Лешок денеска го собираа уништениот род од градот кој предизвика и материјална штета на домовите и локалните патишта.

Невремето во Варвара, село кое се наоѓа на неколку километри над селото Лешок било уште поголемо и таму градот уништил се што е засадено, а најголема штета е предизвикана на костеновата шума.

Мештаните велат дека не паметат вакво невреме.

Во невремето проследено со силен град настрадаа и посевите во Слатино, Отуње, Једоарце и Сетоле.