Албански професор снимен како бара секс од студентка, полицијата веднаш го приведе

0
190

Полицијата го уапсила професорот Денис Химци од Универзитетот во Елбасан, Албанија заради тоа што побарал од студентка сексуални услуги за тој да и напише оценка дека положила испит кај него. Химци, како што објавуваат албанските медиуми, бил уапсен вчера веднаш откако на истражувачката ТВ „Стоп“ беше објавено видео во кое тој на студентката и бара секс за положен испит.

Полицијата соопшти дека 36-годишниот граѓани е соочен со криминален случај за незаконско влијание на јавно лице и пасивна корупција преку користење јавни функции. Материјалот му е предаден на обвинителството во Елбасан.

Видеото пуштено синоќа на ТВ ја шокирало јавноста, а тоа зборува и за тоа во каква состојба е албанскиот образовен систем