Име Вести Македонија Аферата „Рекет“ се заташкува како некогаш ТАТ, смета Зеколи

Аферата „Рекет“ се заташкува како некогаш ТАТ, смета Зеколи

0
142

Политичкиот аналитичар Арсим Зеколи повлекува паралела меѓу заташкувањето, како што вели, на скандалот „Рекет“ и тоа на аферата со пропаднатата битолска штедилница ТАТ во 1997 година.

„Заташкувањето на скандалот СЈО Рекет се изведува по ист, идентичен терк на заташкувањето на скандалот ТАТ. Со иста партија, исти медиумски пера, исти изговори, исти странски асистенти. Сетете се што следеше по скандалот ТАТ. Оние кои не учат од сопствената историја…“, напиша на Твитер поранешниот дипломат.