Во прекин сообраќајот Прилеп – Росоман поради шумски пожар

0
134

Сообраќајот на патниот правец Прилеп – Росоман денеска од 15:40 часот е во прекин во двата правци, поради шумски пожар над каменоломот Превој – Плетвар.

– Сообраќајот на патниот правец Прилеп – Росоман е во прекин во двата правци, поради шумски пожар над каменоломот Превој – Плетвар, атар на село Тројаци кон село Топлица, се наведува во соопштението од АМСМ.

Покрај пожарот над Плетвар во прилепско активни се и уште четири пожари и тоа кај селата Подмол, Бонче, Дебреште и Долненско.