Демант од Клиничката болница поврзан со вчерашниот инцидент

0
135

Од Хируршкото оделение при Клиничката болница Тетово испратија демант до медиумите поврзан со вчерашниот инцидент за кој СВР Тетово во полицискиот билтен објави дека жител од Брвеница пријавил дека бил нападнат од лекар.

Дежурната екипа која била на работа ја демантира случката која беше пријавена од жител на Брвеница во полиција. Екипата била вербално нападната од пациентот и овој случај е пријавен во СВР Тетово. Во исто време дежурните лекари бараат извинување од пациентот поради нарушување на угледот, стои во демантот од болницата

Инаку во полицискиот билтен стои дека  вчера во 18.00 часот во СВР Тетово 67 годишник од Брвеница пријавил дека истиот ден околу 17.30 часот додека бил на преглед во Клиничката болница во Тетово бил физички нападнат од лекар во болницата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.