Драга, ти го донесов автомобилот на вечера“ – Американец од страв од ураганот возилото го паркираше во кујна

0
149

 

Човек од Флорида оваа недела толку бил загрижен неговиот сакан автомобил да не го однесе ураганот Доријан, па решил да го премести на сигурно место. Во внатрешноста на неговата куќа, објави Сител.

Жителот на Џексонвил Патрик Елдриџ рече за Си Би Ес Њуз дека својот автомобил го внел во куќата во вторникот наутро, додавајќи дека неговата „жена била импресионирана дека бев во право што успеав да го сместам во кујната“.

Неговата сопруга Џесика објави во вторникот наутро на Фејсбук слики од малиот автомобил внатре во куќата на Длорида. „Мојот сопруг се плашеше дека автомобилот ќе му експлодира“, напиша таа. „А мојот автомобил е во гаражата“.

Фотографиите набрзо станаа вирални и собраа повеќе од 65.000 споделувања и 22.000 реакции.

„Уште сме во шок дека овој бран на лудило се случи на интернет откако објавивмеЕ, рече Елриџ.

Двојката го изнесе возилото од својата куќа откако бурата ослабна и се оддалечи од Флорида. Иако автомобилот немаше потреба да се заштитува, мажот рече дека од ова искуство научил драгоцени информации.

„Сега знаеме дека имаме едно дополнително паркинг место“, се пошегува тој.