Драма над Турција: Авионот со репрезентацијата на БиХ на секунди до уривање

0
144

 

Авионот со фудбалската репрезентација на БиХ и нејзини навивачи го делеле секунди до катастрофа. Според пишувањата на хрватските медиуми, во чартер летот од Сараево до Ереван се одвивала вистинска драма над Турција. Леталото навлегло во турбулентен простор, па пилотот бил принуден нагло на заврти што предизвикало паника меѓу присутните.

„Играчите и навивачите кои во тој момент стоеја, веднаш почнаа да скокаат на своите места како натпреварувач во боб санкање по почеток на трка“, пишува новинарот на „Дневни Аваз“.

Фото: Instagram

Меѓу патниците и поранешен пилот кој по слетување во Ерменија за медиумите даде свое мислење за упадот на авионот во т.н. „воздушен џеб“.

„Една секунда, односно, еден степен недостасуваше за уривање на авионот. Имам повеќе од 600 часа и ова одговорно го тврдам. Никој не може да си игра со човечки животи. Не се дозволени никакви нагли движења, но ова можеше да биде кобно“, изјави тој.

Фудбалерите на БиХ, за среќа, безбедно пристигнаа во Ереван и ќе имаат доволно време за надминување на стресот до мечот со Ерменија во квалификациите за Европското првенство во 2020 година што е закажан за недела од 15 часот.