ДУИ ја става под знак прашалник законитоста на одлуката за преземање предмети од СЈО

0
142

Владиниот коалиционен партнер, ДУИ на Али Ахмети ја става под знак прашалник вчерашната одлука на Јавното обвинителство да ги преземе предметите од СЈО.

„Законитоста на една одлука донесена во услови кога подносителот е во притвор, со однапред поднесена оставка и веќе започната постапка за разрешување во Собранието е под голем знак прашалник”, вели пратеникот од ДУИ, Артан Груби во изјава за Мкд.мк.

Според Груби, ставот на ДУИ е дека мора да постои правна извесност и одлуки кои што се законски, општоприфатливи и кои што влеваат доверба кај граѓаните.

„Со предавањето на предметите, односно на случаите во Јавното обвинителство, СЈО е беспредметно”, вели тој.