Заев и Мицкоски на средба во Собрание во вторник

0
125

Планирана е средба меѓу премиерот Зоран Заев и опозицискиот лидер Христијан Мицкоски во почетокот на следната седмица, пред истекот на рокот во кој треба да стапи на сила новиот закон за јавно обвинителство.

Главна тема е законот за јавното обвинителство, со оглед на тоа што мандатот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева истекува на 15 септември, од кога, пак, СЈО треба да влезе во составот на реовното обвинителство.