Заев: Камчев не ми покажа докази против Јанева, а можно е да ме снимал

0
146

Премиерот Зоран Заев, не ја исклучува можноста Орце Камчев да ги снимал и разговорите со него. Камчев е бизнисменот кој пролетва побарал итна средба со премиерот и се сретнале доцна навечер. Во интервју за неделникот „Фокус“, Заев вели дека му биле презентирани снимки и тоа го разбудило поривот кај него уште следниот ден случајот да го пријави во Обвинителство, по што Камчев бил повикан како сведок.

„Не можам да кажам дали ме снимал. Ако снима секаде, можно е да ме снимал. Кога се влегува тука кај мене, прво се оставаат телефоните, според процедурата, за да може да имаме слободни состаноци. Сè што сум разговарал со некој, секогаш сум се водел од мојата одговорност како премиер. Треба да се постапува по закон, дури и кога доаѓа некој, како што дошол тогаш и Боки 13. Сите луѓе бараат средба со премиерот, а при сите тие средби се обидувам да бидам позитивен пример за законско работење“, вели премиерот во интервју за Фокус.

На средбата со Камчев тој не видел докази за инволвираност на Јанева во „Рекет“, а за себе вели дека со Катица Јанева комуницирал само службено.

„Во снимките што ми ги презентираше Камчев, тоа што го слушнав, немаше докази дека Катица Јанева зела пари и дека е инволвирана во случајот. Јас и кон моите политички противници секогаш сум ја почитувал пресумпцијата на невиност“, изјави Заев.

Во интервјуто покрај за случајот „Рекет“ и Катица Јанева, премиерот Заев зборува за преговорите за судбината на СЈО, шансите во октомври да добиеме датум за преговори со ЕУ, ветинг во правосудството, нереформираниот јавен сервис и драстично различните оценки за економските состојби.

Доколку сте претплатени на „Фокус“, целото интервју во електронска верзија може да го прочитате тука.