Мефали Гури – скопјанецот кој загина на планината Олимп

0
127

Искачувањето на планината Олимп во Грција трагично заврши за 57-годишниот Мефали Гури од Скопје, член на Планинарското друштво Шкупи. Мефали загинал во саботата околу 20 часот во близина на Планинарскиот дом „Спилиос Агапитос“.

Во извлекувањето на планинарот Гури биле ангажирани 14 пожарникари и припадници на специјалната единица за несреќи.

За денес во Солун е предвидена обдукција на телото којашто треба да даде одговори кои се причините за падот.