Мицкоски: Планот на Заев е да нема договор

0
118

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христија Мицкоски денеска го обвини премиерот Зоран Заев дека на синоќешната лидерска средба дошол со план за да не се постигне. Како што рече Заев дошол со намера да не се постигне успех на разговорите затоа што се видело дека има не план Б, туку план Ц, со префрлањето на предметите од Специјалното јавно обвинителство во Јавното обвинителство. Со тоа, смета Мицкоски, Заев си купил мир, но во иднина ќе има одговорност.

– Ги констатиравме позициите од двете страни, за жал, не успеавме да најдеме решение и доколку постои опција за натамошни средби оставеме простор во иднина да продолжат преговорите, Заев предложи формирање обвинителство за висока корупција на исто ниво како обвинителството за организиран криминал и корупција, обвинителот да го предложи најголемата опозициска партија, и овие десетмина помошници на помошниците на Јанева заедно со случаите од СЈО да бидат инкорпорирани во рамките на новото обвинителство, без притоа да се почитува Законот за обвинители коишто треба практично Советот за обвинители да предложи кои обвинители треба да работат таму, рече Мицкоски.