Пендаровски: Секој што е споменат во „Рекет“ сам да даде изјава, а не да чека да биде повикан од надлежен орган 23

0
121

Претседателот Стево Пендаровски смета дека сите инволвирани или споменати во врска со случајот „Рекет“ сами треба да се пријават и да дадат изјави, а не да чекаат да бидат повикани од надлежните органи.

– Мислам дека секој што е споменат, треба да даде изјави, дури и ако не е повикан од надлежен орган. Едноставно, како политичари сме должни да дадеме чист одговор пред јавноста дали преку соопштение или преку изјави пред надлежен орган и да кажеме – јас со таа и таа работа немам ништо, изјави Пендаровски при посетатата на Велес.