Персоналот во старата градска болница во Скопје синоќа бил нападнат од група луѓе

0
168

Нов инцидент во македонските болници. Персоналот во старата градска болница во Скопје синоќа бил нападнат од група луѓе, откако биле незадоволни од третманот кој го добил пациентот кој го донесле.

“Имало реакција од придружбата на повредениот кој бил донесен со посекотина на раката, нападнато било лице од обезбедувањето, а потоа и полицијата.”

Пациентот бил прегледан од дежурен лекар и му било речено дека треба да го почека специјалистот, што предизвикало реакција и кај него, но и кај агресивната придружба. Хаосот почнал со тоа што прво бил нападнат лекарот, а потоа и обезбедувањето.

“Директорот вели дека инцидентите во болницата зачестиле, а едно лице од обезбедувањето не е доволно да ги спречи овие инциденти”

Од болницата велат дека персоналот мора да биде заштитен и се преземаат мерки во иднина да не се случуваат вакви испади. Условите за работа од ден на ден, се се полоши, вели Спировски.

“Поднесов официјално барање да има полициско присуство во близина, вакви напади имало секогаш, но во последно време зачестија.”

Кривична пријава поради дивеењето во болницата ќе заработи едно лице, додека останатите двајца од агресивната група ќе бидат прекршочно казнети.

На 12.09.2019 во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје полициски службеници го лишиле од слобода С.М.(31) од Скопје, поради тоа што во 02.45 часот во болницата физички нападнал вработен како обезбедување во болницата и двајца полициски службеници кои извршувале службени дејствија и интервенирале по пријава за физичкиот напад врз вработениот. Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштуваат од МВР.

За да се избегнат дополнителни инциденти болницата неколку часа беше затворена, а вратите за пациентите беа отворени изутрината.