По бурните реакции, вицепремиерот Османи вели дека не ги надминал ингеренциите најави нов увид, овој пат во Тетово

0
128

Османи не вршел  инспекција, туку увид. Вицепремиерот за саботното возење се правдаше дека не излегол надвор од своите ингеренции. Ако  треба истото ќе го сторел повторно…Ќе одел и до Тетото за да провери дали на денот на ослободувањето на градот ќе се вее државното знаме. Тој тврди дека македонското  не е острането од седиштето на ДУИ.

Иако Османи негираше дека  во исто време и возел и зборувал на телефон  додека ги проверувал таблите,  сепак ќе си ја плати казната која ја заработи од МВР. На тоа додаде дека освен што предводи една кампања-за употреба на албанскиот и македонскиот јазик, би можел да биде промотор и на втора- за почитување на забраната за зборување на мобилен телефон додека се управува моторно возило.