ПРЕСТАНУВА МАНДАТОТ НА ОБВИНИТЕЛИТЕ НА СЈО, ЈОВЕСКИ МОЖЕ ПОВТОРНО ДА ГИ АКТИВИРА

0
134

Советот на јавни обвинители денеска треба да го констатира престанокот на мандатот на обвинителите од Специјалното јавно обвинителство. Во саботата сецијалната јавна обвинителка Катица Јанева, која во моментот е во притвор беше едногласно разрешена од членовите на Советот.

По одлуката на Советот, на потег ќе биде јавниот обвинител Љубомир Јовевски кој, доколку одлучи, има можност на обвинителите кои до сега ги водеа предметите да им ги додели повторно.