Роналдо се расплака среде интервју,

0
125

Еден од најдобрите фудбалери на светот Кристијано Роналдо се расплака кога му пуштија снимка од покојниот татко.

Потругалецот емотивно се скрши кога ги види кадрите од својот татко кој почина во 2005 година.

Кристијано Роналдо во големото интервју на Пирс Морган се присети на татко си кој починал од последиците на конзумирање алкохол.

Починал поради болест на црниот дроб и го пропушти вивнувањето на синот до ѕвезда, како и раѓањето на внуците, а очигледно тоа беше многу болна тема за ѕвездата на Јувентус.

Роналдо липајќи низ солзи едвај изусти: Од каде ви е ова?