Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Власта и Шилегов да одговорат чии бизнис интереси штитат за еколошката катастрофа на Вардар

0
174

Советничката група на ВМРО ДПМНЕ во Градот Скопје бара сеопфатна истрага за еколошката катастрофа која се случи на реката Вардар и уништувањето на живиот свет во главната артерија на Скопје.

-Ова не е изолиран инцидент, туку последица на континуирана негрижа на Градот Скопје и надлежните институции. Наместо парадерство на Шилегов, потребно е да се засукаат ракавите и да понудат конкретни решенија. Популизмот на Шилегов платен со парите на граѓаните не може да ја сокрие неговата неспособност и лукративност. Оттука во неделата кога Шилегов се фалеше со достигнувањата во заштитата на животната средина среде Скопје отровна хемиска супстанца предизвика помор на риби во реката Вардар. И ова не е прв пат да се предизвика вакво уништување на животната средина. Жителите во близина на еколошката катастрофа се жалат постојано на миризби и испуштање на токсични материи во водата, додека градските инспекциски служби не реагираат со што се  ставаат во заштита на нечиви бизнис интереси наместо да го штитат здравјето на граѓаните, потенцира Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму додаваат дека Шилегов треба да одговори кој тоа во континуитет дозволува еколошка катастрофа и поради чии бизнис интереси тоа се толерира. Зошто за Градот Скопје бизнис интересите се поважни од здравјето на граѓаните? Кој бизнисмен власта го штити како бела мечка и дозволува еколошка катастрофа среде Скопје?

-Петре Шилегов и надлежните државни институции се најнадлежни да го решат постојниот случај со еколошката катастрофа во Скопје. 2 години Крадоначалник Шилегов, 2 години лаги, криминал и неработа, стои во соопштението од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.