Србија ја совлада Италија и се пласира во финалето на ЕП за одбојкарки

0
199

Репрезентацијата на Србија ја совлада Италија во полуфиналето на Европското првенство во одбојка за жени со 3:1(25:22, 25:21, 21:25, 25:20) и се избори за финале.

Србинките на првенството во Турција го бранат трофејот освоен пред две години. Воедно ова беше реприза на финалето од Мундијалот минатата година кога Србија стана светски шампион.

Тијана Бошковиќ со 22 поени беше најдобра во победничката репрезентација, кај Италијанките се истакна Паола Егону со 26 освоени поени.

Во финалето, Србите ќе се сретнат со победникот од средбата Турција – Полска која се игра вечерва.