Судењето за сообраќајката кај Ласкарци одложено за 15 октомври

0
143

Судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци, денеска се одложи поради здравствени проблеми на еден од обвинетите.

Станува збор за шефот на возниот парк на Дурмо турс, Рамзи Мифтари, кој според материјалите доставени до судот, денеска треба да биде опериран. Поради тоа во судот не беа спроведени ниту  останатите обвините кои се во притвор.

Следното рочиште е закажано за 15 октомври.