Филипче: Истепаниот лекар во Тетово е на опсервација на клиника, но е во стабилна состојба

0
137

Лекарот од тетовската болница кој утринава физички беше нападнат од пациент е во стабилна состојба и нема сериозни повреди, потврди министерот за здравство Венко Филипче.

– За среќа нема сериозни повреди. Тој е во стабилна состојба. Ќе го задржат на опсервација на Клиниката за неврохирургија, изјави Филипе по посетата на Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје.

Претходно, СВР Тетово информираше дека утринава околу 9 часот бил нападнат лекар на Кожното одделение при Клиничката болница во Тетово. Сторителот, 43-годишниот А.Б. од Голема Речица е приведен и задржан во полициска станица.