(ФОТО) Тешка сообраќајна несреќа на патот Тетово – Стримница

0
135

Тешка сообраќајна незгода се случи пред неколку моменти на локалниот пат Тетово-Стримница. Фотографиите испратени од сведоците на случајот покажуваат дека во несреќата учествувале две возила. Од информациите што ги добивме од тетовските пожарникари, кои први пристигнале на местото на настанот, една жена, со тешки повреди на градниот кош и ногата, е однесена во тетовската Клиничка болница, од каде пак, информираа дека поради сериозноста на повредите, е пренесена во Скопје. Според првичните информации од СВР Тетово, се сомнева дека несреќата настанала поради неприлагодена брзина на едно од возилата.