Адеми тврди дека има издвоено пари за училиште во Блаце

0
82

Еден ден по прилогот во ТВ Алсат, за трогателната сторија за учениците од Барди кои наставата ја следат во Косово, Министерството за образование вели дека се одвоени средства за изградба на училиште во Блаце. Но, според министерот Адеми се чека барањето на Општина Чучер Сандево. Градоначалникот на оваа општина Јован Пејковски е недостапен да одговори до каде е постапката за училиштето во Барди.

„За прв пат во 2019 година од Министерството за образование се предвидени средства за изградба на училиште во Долно Блаце во населбата Барди. Така што многу бргу ќе завршат постапките кои се однесуваат на ревизијата на техничката документација. Од општината Чучер Сандево има подготвеност веднаш да се издаде одобрение за градба за да можете да објавиме тендер за изградба на училиштето во Барди. Од буџетот за 2019 година, која програма ја поминавме во јануари, за жал до денес не успеавме да ги потрошиме тие средства заради процедурални филтри и административни пречки за кои посакувам набргу да бидат надминати“, рече министерот Адеми.