Ангел Димитров разочаран: Македонските историчари не го разбраа договорот за добрососедство

0
49

Ангел Димитров, претседателот на бугарската експертска комисија од Мешовитиот комитет за историски и образовни прашања, во своето последно телевизиско гостување наведе дека е разочаран од македонските историчари кои, како што вели тој, не го разбрале договорот за добрососедство и дека го кочат неговото исполнување.

Во студиото на БИТ 1 наведе дека последнивте две средби помеќу бугарските и македонските експерти биле без резултати, според него, поради непопустливоста на македонската делегација. Тој посочува дека проблем во прегворите не е само Гоце Делчев, туку и другите теми од помодерната историја

– Не е само Гоце Дечев, тоа е е само пример на големите спорови во интерпретација на минатото. Нашите колеги постојано бегаат од темата на Илиденското Востание. Тоа е настан кој се одбележува секоја година и би било прекрасен знак за заедничката историја кога би се чествувал заедно од двете држави, без да се присвојува како што тоа го прават нашите колеги и пријатели, рече Димитров.

Димитров бара комисијата да се состанува почесто, со агенда и рамка која ке донесе конкретни резултати. Следната средба на комисијата е закажана за 15-ти октомври. Бугарскиот државен врв веќе заклучи дека нема да ја блокира Македонија во добивањето датум за преговори со ЕУ, но дека ќе бара исполнување на овие услови во текот на отворањето на поглавјата.