Бугарија подготвува црвени лини за членството на Македонија во ЕУ

0
52

Бугарија ќе даде зелено светло за старт на преговори на ЕУ со Македонија, но ќе повлече црвени линии во преговарачкиот процес, без кои земјава нема да може да стане полноправна членка. Ова го договори државниот врв на Бугарија на консултативаната средба околу македонското пристапување во ЕУ. Откако пред две недели Комсијата за историски прашања не успеа да најде решени околу личноста на Гоце Делчев, бугарскиот претседател Радев побара Бугарија да изгради национални позиции со кои ќе се заштити нејзиниот јазик, идентитет и историја.

„Важно е да се исцртаат и т.н. црвени линии кои треба да гарантираат дека европската интеграција на Северна Макеоднја нема да биде на сметка на употребата на бугарската историја, јазик и идентитет, како монета за поткусурување. Тоа треба да биде важно и многу јасно да се постават прелиминарните услови, при чие неисполнување да може да не се дава дозвола за следните етапи од преговарачкиот процес“, рече Румен Радев, претседател на Бугарија.