(Видео) Најмоќниот руски ракетен систем пристигна во Србија

0
70

Српските медиуми утрово објавија дека Русија во Србија доставила ракетен систем С-400, како и една батерија од системот „Панцир“.

Како што објави РТС, системот С-400 бил доставен со голем транспортен авион „Ан-124 Руслан“. Ова е прв пат системот да биде дел од воени вежби надвор од Руската Федерација.