Владата ќе гради ново основно училиште на албански јазик во Идризово

0
45

Ќе се гради ново основно училиште во Идризово. Владата даде зелено светло, по протестите на родителите кои бараа паралелки на албански за своите деца од Јурумлери. Не се знае до кога треба да заврши изградбата, од Владата велат во најбрз можен рок.

Проблемот стигна и до Собрание. Во знак на револт од страна на пратеникот на ДУИ Ејуп Аљими, еден час доцнеа пратеничките прашања. Тој побара итно решение.

Додека да се изгради училиштето, изборот каде ќе учат децата Заев им го остава на родителите. Протестите траеа еден месец. Следуваа и контра протести, да не се отвараат паралелки на албански за учениците од шесто до деветто одделение.