Владина делегација положи цвеќе на споменикот на Гоце Делчев

0
119

Делегацијата на Владата, предводена од заменик министерот за култура, Владимир Лазовски, придружуван од Стојанче Ангелов, национален координатор за прашања поврзани со здружението на бранители, денеска положи цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје, по повод државниот празник „23 октомври – Ден на македонската револуционерна борба“.

Венци и букети цвеќе на споменикот на идеологот на македонската револуционерна борба Гоце Делчев положија и делегации на претседателот на Република Северна Македонија, на Собранието, на Армијата, на Сојузот на борците, на политичките партии, на повеќе државни институции, и делегации од дипломатскиот кор во земјата.