Власта и опозицијата се скараа околу датумот за ЕУ

0
52

Сигналите кои пристигнуваат од земјите членки на Европската Унија дека не се сите едногласни за безусловен датум за Македонија, не го загрижуваат премиерот Заев.

Тој е убеден дека идната недела ќе го добиеме ветениот и заслужен датум бидејќи, како што вели, сите предуслови  ЗА ОВА ги имаме исполнето.

Но, опозицискиот лидер не е оптимист. Смета дека не само што може да е условен, туку постои можност да биде одложен за други ПОДОБРИ времиња. Ако меѓу причините е Законот за јавно обвинителство, Мицкоски вели дека виновна ќе биде власта, но и поради нерасчистените корупциски скандали кои се споменуваат од дипломатските извори,меѓу кои и случајот „Рекет“.  За него лоша е и идејата ако се одлучи земјава во секој счучај да е  во пакет со Албанија.