Возачот на камионот – ковчег се појави на судење

Возачот на камионот, во кој се пронајдени 39 тела, се појави пред британскиот суд во видео повик под обвинение за убиство и трговија со луѓе, јавија светските агенции.

 

Морис Робинсон (25) беше уапсен во англискиот град Челмсфорд, Есекс. Тој не побара кауција и ќе остане во притвор до 25 ноември, кога случајот ќе продолжи во лондонскиот Централен кривичен суд „Олд Бејли“.

 

Тројца од уапсените се ослободени од притвор со кауција.