Воздухот во Куманово синоќа екстремно загаден

0
49

Загадувањето почна по 18:00 часот и на моменти беа измерени над 1.000 ПМ честички.

Граѓаните реагираа на социјалните мрежи, споделувајќи фотографии од апликацијата и бараа од властите засилени контроли и санкции против загадувачите.

Општината Куманово, лани донесе акциски план за намалување на аерозагадувањето кој вклучува краткорочни и долгорочни мерки./МИА