Вучиќ најави што ќе се случи ако Косово ја укине партијата Српска листа

0
165

Српскиот претседател, Александар Вучиќ изјави дека е многу загрижен за ситуацијата во Косово и најави дека секој обид да се укине Српската листа може да има катастрофални последици за односите меѓу Србите и Албанците. Вучиќ изјави дека Српската листа освоила 96 отсто од гласовите на Србите во Косово, а ги обвини Албанците дека измислиле некакви приказни за отровни коверти со гласови од Србија. Вучиќ не цитирал ниеден претставник на властите на Косово кога зборувал за можноста за укинување на Српската листа. Тоа е партија која имаше најголем број на српски пратеници во последниот законодавен дом на Косово и се смета за партија ја контролира официјален Белград.