ГЕОРГИЕВСКИ: ВО ОХРИД ОСВЕН НА ОБЈЕКТИ И НА ПЛАЖИТЕ СО ГОДИНИ СЕ РАБОТЕЛО НА “ДИВО”.

0
77
Општина Охрид и градоначалникот и понатаму не знаат колку точно дивоградби има во зашитениот појас иако во јавноста секојдневно се шпекулира за нивната бројка. И таа отприлика се движи од изјавата на Георгиевски дека тие кои ќе треба да се рушат се бројат на прсти до тоа дека нивниот број е околу 50 ина само во зелениот појас.
Градоначалникот денеска ниту ја негираше ниту ја потврди таа бројка бидејќи вели немал време да ги брои,но тврди дека сите биле впишани во регистарот кој е доставен до надлежните органи. Повторно уверува постепено ќе се рушат една по една, почнувајќи од помалите зависно од финансиите со кои располага општинската каса.