Германија забрани извоз на оружје во Турција

0
32

ПРЕБАРАЈ

МАКФАКС
ЕВРОПАГерманија забрани извоз на оружје во ТурцијаОбјавено пред 10 минути – 12 октомври, 2019Од Макфакс

Германија забрани извоз на оружје во Турција поради турската воена операција во североисточна Сирија.

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Маас изјави дека со оглед на турската воена офанзива во североисточна Сирија, сојузната влада нема да издаде нови лиценци за целата воена опрема што Турција би можела да ја користи во Сирија.

Само во 2018 година, Германија извезе оружје во вредност од 243 милиони евра во Турција, што е речиси една третина од вкупниот извоз на оружје на Германија.