Го смени личниот опис со пластични операции – Познатата „султанка“ повторно направи шокантна промена

0

Германската актерка со турско потекло, која се прослави со улогата на султанката Хурем во 2011 година, скоро потполно го смени својот личен опис

Експертите тврдат дека Меријем ја пополнила устата, ги „направила“ јаболчниците, а очигледна е и употребата на ботокс. Покрај тоа, таа драстично ослабна и често експериментира со бојата и должината на коса. Едно време дури беше и русокоса.

Но, од таа фаза излезе, а веќе долго време е верна на темните бои, но сега таа се предомисли и направи прилично храбар потег – ја скрати косата во модерна боб должина!

Фотографиите од оваа модерна фризура во чоколадни тонови, ги сподели на Инстаграм, каде доби прекрасни коментари за нејзиниот нов изглед.

Инаку, оваа 36-годишна харизматична актерка, често ги споделува нејзините заносни фотографии на друштвените мрежи, а не се двоуми ни да го покаже своето лице без шминка. Што мислите вие, дали ѝ биле потребни пластичните операции?