понеделник, ноември 18, 2019
дома Вести Македонија Груевски: Нека е честит и вечен Денот на Македонската револуционерна борба, нека...

Груевски: Нека е честит и вечен Денот на Македонската револуционерна борба, нека е вечна Македонија!

0

Поранешниот премиер Никола Груевски упати честитка до македонскиот народ по повод Денот на македонската револуционерна борба.

Во прилог ја пренесуваме целата:

-Нека е честит и нека е вечен празникот 23 Октомври, денот на македонската револуционерна борба.

Денот кога во 1893 година е одржан првиот состанок на основачите на МРО (подоцна ВМРО) на кој заеднички ја прифатиле и се обврзале да се борат за идејата, дека е потребна подготовка и водење на организирана револуционерна борба за слобода на Македонија.

Нека е вечна Македонија!

Со целите на нашата генерација: европска, демократска, слободна, праведна, економски силна, но и суверена Македонија!

П.С. Во продолжение за оние кои сакаат да прочитаат околу почетоците на организацијата извадоци од три книги:
1. Монографија за првиот претседател на ЦМРК(1893-1901), еден од шесте основачи и подоцна член и советник на задграничниот комитет на ВМРО во Софија од 1902 до 1912, Д-р Христо Татарчев, од Владо Поповски, едиција ,,Македонски дејци” 2016

2. ,,Основи на внатрешната револуционерна организација” од Христо Матов еден од најзначајните раководители и идеолози на ВМРО, прв претседател на Скопскиот револуционерен комитет, член на ЦК на ТМОРО (подоцна ВМРО) од 1898 до 1901, член на задграничносто преставништвон на ТМОРО во Софија 1907-1908 година. Едиција ,,PROMACEDONIA”, 2014 година, и

3. Монографија за Борис Сарафов, еден од најистакнатите, најавторитетните и највлијателни револуционери и водачи на македонската револуционерна организација, од Никола Жежов, едиција ,,Македонски дејци”, 2019 година – напиша Груевски на фејсбук.