Грчки медиуми: Макрон удри шлаканица за регионот

0
88

Грчкиот весник „Реал њуз“ пишува дека имплементацијата на Договорот од Преспа во однос на ерга омнес употребата на новото име и веројатноста ВМРО-ДПМНЕ да победи на изборите на 12 април, се точките за кои Грција изразува загриженост по Самитот на унијата, jави МИА од Атина.

Во текстот под наслов „Атина е загрижена за случувањата на Балканот“, новинарот, ја анализира ситуацијата во регионот по Самитот на ЕУ и француското вето, но и ставовите на Грција за темите кои директно ја засегаат.

“Директното прашање што произлегува за Атина е имплементација на Договорот од Преспа. Ерга омнес виси во однос на државните документи на Северна Македонија што се издадени пред ратификацијата на договорот, бидејќи предвиден е преоден период што е поврзан со отворањето на пристапните поглавја. Јасно е дека без датум за почеток на пристапни преговори, Скопје нема никаква обврска за промена на документите” пишува весникот.

Според „Реал њуз“, вториот и „уште поголем проблем за Атина“, би бил доколку на изборите на 12 април 2020 победи ВМРО- ДПМНЕ, „кое не е воопшто расположено да го имплементира договорот“.

По исходот од Самитот на ЕУ, весникот пишува дека „торпедото“ на Емануел Макрон за европската перспектива на Северна Македонија беше шлаканица за целиот регион.

” Ова не е добро, европската перспектива на земјите од западен Балкан е најважната алатка во односите на Грција со овие земји” објави грчкиот весник.