Девет години затвор за Ѓоко Поповски

Поповски е осуден за злоупотреба на службената положба бидејќи спротивно на Законот за јавни набавки го прифатил предлогот на Комисијата во министерството и во периодот од 2008ма до 2012 не ги избрал најповолните понуди на тендерот за набавка на триста возила.

Судијката Добрила Кацарска изрекувајќи ја пресудата му наложи на Поповски по нејзината правосилност да ја надомести штетата на буџетот на МВР во износ од речиси половина милион евра.