Дескоска: Нема време за уставни измени околу изборот на јавен обвинител

0
58

Министерката за правда Рената Дескоска – Треневска вели дека до оддржувањето на договорените предвремени парламентарни избори нема доволно време за да се измени уставот со цел, како што побара опозицискиот лидер Христијан Мицкоски, јавниот обвинител да го избираат директно граѓаните.

-Сите знаеме дека уставни измени траат 6 месеци. До распуштање на Собранието нема 6 месеци, така што оваа опција не е изводлива пред избори. Пласирање на ваков предлог кој е технички неизводлив во краток рок, само укажува на бегање на вмро-дпмне од носење на законот за јавно обвинителство – изјави Дескоска за Фокус.