ДИК се подготвува за предвремените парламентарни избори

Освен за отворени листи, Дерковски изрази подготвеност и за измени во процесот на гласање во дијаспората, но дециден е дека ништо не зависи од нив, а промените зависат од партиите. Според него, избирачкиот список е добар и е материја која постојано се прочистува.

Дел од политичките партии веќе бараат отворени листи, а меѓу нив освен владејачката СДСМ е и Либерално демократската партија, чиј лидер Горан Милевски смета дека има време и услови за тоа да се овозможи до април. Поддршка за оваа идеја пристигна и од Демократската партија на Турците, додека ВМРО-ДПМНЕ отворените листи, ќе ги остават помалите градови без пратеници во Собранието. Од најголемата опозициска партија сметаа дека треба да се врати мнозинскиот модел, додека за ДУИ сегашниот изборен модел е најдоброто решение.

ДИК паралелно во овој подготвителен период за избори се обидува да ги подобри условите за гласање за лицата со попреченост, откако податоците на Здружението „Инклузива“ за последните претседателски избори идентификувале многу проблеми и тешкотии што ги спречиле лицата со пореченост да го остварат своето право на глас.

Освен заложбите на ДИК од „Инклузива“ сметаат дека неопходни се системски решенија и волја од државните и изборните органи, политичките партии, организациите за мониторинг на избори, како и медиумите.