Дураку: „Кога реков не се бавам со граѓаните“, погрешно бев разбран, не зборувам добро македонски

Вицепремиерот Садула Дураку во вечерашното издание на „Click Plus“ на ТВ21, ја коментираше изјавата која беше долго време коментирана во јавноста и споделувана на социјалните мрежи, а која гласеше „Јас не се бавам со граѓаните”.

-Кога реков „Не се бавам со граѓаните” бев погрешно разбран, бидејќи не го зборувам македонскиот јазик, изјави Дураку во „Click Plus“.