Европската перспектива на регионот тема на средбите на Мицотакис со Брнабиќ, Пленковиќ и Рама

Односите на Грција со Србија, со Хрватска и со Албанија, како и европската перспектива на регионот беа на агендата разговори на претседателот на Владата на Грција со албанскиот премиер, со српската премиерка и со хрватскиот премиер.

На маргините на четвртиот Евро-арапски светски самит, Кирјакос Мицотакис се сретна со премиерот на Албанија, Еди Рама, со премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ и со српската премиерка Ана Брнабиќ, јави дописничката на МИА од Атина.

Според заедничкото соопштение на грчкиот и албанскиот премиер, Рама на средбата со Мицотакис истакнал дека и покрај разочарувањето на Албанија од одлуката на Европскиот совет да нема почеток на пристапни преговори со ЕУ, земјата со истата одлучност ќе продолжи со имплементација на реформите.