Заев за Груевски: Не можете на слободен човек да му ја ограничите слободата

Премиерот Зоран Заев за ТВ 24 рече дека никој не одговарал за бегството на Никола Груевски, бидејќи обвинителството никого не посочил за виновен.

– Обвинителството имаше соопштение во кое кажа дека истрагата не потврдува докази за одредена вина за одредени ситуации. И тие тоа го потврдија. Не можете на слободен човек да му ја ограничите слободата со репресивни мерки за да оневозможите да бега. Секој граѓанин за нас е еднаков за нас. Тогаш сме можеле незаконски да го следиме, да го прислушуваме. Ако значи дека треба да поставиме војска на секој метар… Ако ЈО некаде покажеше и докажеше вина за бегството, јас ќе преземев мерки, ќе разрешев кој и да треба. Ако имало некој што е виновен и тоа е утврдено, немам причина да го штедам. Но никој ниту од обвинителството, ниту од никаде не покажа вина. Груевски беше слободен човек во тој момент, излегол од својот дом, излегол на автопатиштата и ја поминал границата преку Албанија – рече премиерот.