Заев: Се плашам да не се појави национализам

0
76

Нашиот народ треба сега да биде исправен и да донесе одлука на избори. Јас не се сомневам во одлуката на народот. Неправдата по одлуката од Брисел урнисува по 14 години, ветото доаѓа од земја пријател, но сепак Преспанскиот договор е посочен како позитивен пример, како модерен начин на соработка меѓу две земји. – рече премиерот Зоран Заев во вечерашното гостување во „Отворено“ на 24Вести.

Заев рече дека се плаши да не се појави национализам радикализам.

-Нам секогаш партискиот рејтинг ни е на втор план. Ја поправивме реториката која може да предизвика тепачки меѓи Албанци и Македонци во автобуси, училишта, ја сменивме реториката која ја провоцира соседна Бугарија, соседна Грција…Тоа е вредно сите да го размислиме.

-Нашиот наратив како Влада беше да тргнеме по тешките прашања, да изградиме пријателства, затоа верувам дека нашите мерки ќе ги дадат своите резултати. – рече Заев посочувајќи дека како влада имаат свои слабости.

-Решени се историски прашања, економскиот прогрес оди нагоре, невработеноста е 17,5%…но во правосудството законите не се доволни спроведени во пракса. Како граѓаните ќе веруваат во правна држава? – дециден е Заев порачувајќи дека му горчи во душата кога денес слушнал како еден случај се враќа на почеток на судењето.