ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ФРЛАА ОРИЗ, ЈАБОЛКА, ГРОЗЈЕ, ПИПЕРКИ, КРАСТАВИЦИ, МЛЕКО, ПОЛИЦИЈАТА ГИ СТОПИРА И ГЛЕДАШЕ

Блокирани улици, полиција распоредена пред владината зграда каде го чекаа протесниот марш на земјоделците револтирани поради ненавремената исплата на субвенциите од Владата. Земјоделците го прекинаа протестот кај старата автобуска станица. Како што велат за Курир, полицијата не им дозволила да поминат бидејќи биле со трактори полни со овошје и зеленчук. По неколку минути, откако се симнаа од тракторот, насобраните демонстранти го продолжија маршот кон Владата, барајќи оставка од премиерот Зоран Заев. Во продолжение дел од фотографиите како изгледаше денешниот протест на земјоделците во Скопје: