Инспектори од ДПИ различно постапувале со невакцинираните деца

Најбрутална дискриминација и незаконски е отстранувањето на деца од училиште поради непримена вакцина. Вака коментираа родители и претставници од здружението „ Од нас за нас“, кои денеска дојдоа во Инспекцискиот совет, каде на седница се разгледуваа преставки од родители до инспектори од Државниот просветен инспекторат, кои постапиле по одлуката на министерствата за здравство и за образование, без потврда за примени задолжителни вакцини да не се примаат децата на училиште. Меѓу нив беше и Тања Перкова од Велес, чиј прваче со полиција беше отстрането од училиштето „ Блаже Конески“, на барање на директорот.